(Видео) Слон како Рамос, го изненади голманот со „паненка“

Снимката на која слон успеа со „паненка“ да му даде гол на голманот стана вирална по социјалните мрежи низ светот.

Многумина во коментарите пишуваат дека слонот мамел. Животното прво се подготвувало да ја шутне топката со сурлата, за на крајот ударот го изведе со нога. Топката низ двете нозе на голманот заврши во мрежата на голот.

Судејќи според реакцијата на присутните, голот сепак на крајот бил признат како регуларен, но многумина сметаат  дека голманот решил ѝ малку да му помогне на животното.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк:

 

Scroll to Top