Ирец добил оригинална идеја како да ги расположи неговите најблиски роднини и пријатели за време на неговиот погреб. Тој замолил негов близок пријател, кога ќе почине, во ковчегот да стави касетофон. На снимката покојниот го снимил својот глас и звук од удар како тропа во дрво. Ирецот се снимил како вика дека е жив и бара да го извлечат надвор.
„Ало, каде сум јас!“, „Има ли некој!“, „Пуштете ме од тука!“, се слушал глас од ковчегот, додека пријателите и семејството низ солзи и смеа се простуваа од него.
Тие за нивниот покоен пријател велат дека бил духовит човек и често знаел да се шегува со блиските.