(Видео) Судија го натера тренерот да ја смени јакната за време на фудбалски натпревар

Главниот судија на мечот меѓу Арсенал и Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа го натера тренерот на „топџиите“ да ја промени јакната затоа што била иста како гостинските дресови. Судијата мораше да ја прекине играта, а потоа побара од Шпанецот Унај Емери да облече јакна која ќе се разликува од онаа на дресовите на германските фудбалери.

Емери на крајот облече сива јакна и мечот породлжи. Фудбалерите на Арсенал беа поразени на домашен терен со 2:1. Екипата на Арсенал поведе со погодокот на Обамејанг, во продолжението на првото полувреме. Јунак на Ајхтрахт беше Јапонецот Камада, кој беше стрелец на два погодоци на овој меч.

Scroll to Top