Деновиве на социјалните мрежи се прошири снимка од судски чувар како се клати низ улиците на Србија, притоа придржувајќи се на околните згради за да не падне. Наводно, снимката е направена во Ужице, а српските медиуми пишуваат дека чуварот бил пијан.
Тој се обидел да ја премине улицата, но накрај се откажал и се обидел да го задржи правецот.
Ужице
Органи (не)реда pic.twitter.com/PW4paxI54x— А.П.Инфоратник (@INFORATNIKSRB) December 22, 2021
Снимката за кратко време предизвика бројни реакции и коментари.
„Органи на неред“, „Тротоарот се лизга“, „Од прошетката се гледа дека е домашна ракија“, „Лошо појадувал“, се само дел од коментарите.