(Видео) Судиски чувар пијан ко клен се клатеше по улица

Деновиве на социјалните мрежи се прошири снимка од судски чувар како се клати низ улиците на Србија, притоа придржувајќи се на околните згради за да не падне. Наводно, снимката е направена во Ужице, а српските медиуми пишуваат дека чуварот бил пијан.

Тој се обидел да ја премине улицата, но накрај се откажал и се обидел да го задржи правецот.

Снимката за кратко време предизвика бројни реакции и коментари.

„Органи на неред“, „Тротоарот се лизга“, „Од прошетката се гледа дека е домашна ракија“, „Лошо појадувал“, се само дел од коментарите.

Scroll to Top