Свештеник ѝ признал на невестата дека имал секс со младоженецот неколку дена пред венчавката. Овој скандал се случил во Бразил, откако во јавноста излезе аудиоснимка на која се слуша свештеникот Хулио Цезар Кавалканта како ѝ признава на невестата дека имал секс со нејзиниот партнер неколку дена пред да ги венча.
Тој до неодамна служел во црквата во градот Натал во Бразил. Ѝ признал на невестата дека бил интимен со нејзиниот партнер во медиумите претставен како Брено, пренесе порталот „Глобо“.
На снимката се слуша Хулио како ѝ признава дека со Брено имале секс два или три пати, 12 дена пред венчавката. И самиот Брено потоа признал дека имале секс и дека често се гледале во периодот меѓу 2010 и 2012 година.
„Признавам, тоа беше моја слабост. Брено и јас се исповедавме и ветивме дека повеќе нема да ја одржуваме врската од почит кон тебе“, ѝ рекол Хулио на девојката и се обидел да ја смири објаснувајќи ѝ дека по венчавката повеќе не се гледале.
Сепак, како што пишуваат медиумите, Брено и по венчавката продолжил да ја изневерува. Тој дури ѝ признал дека продолжил со аферите ѝ покрај тоа што биле во брак.
По објавената снимка, надбискупот Натал монсињор Хаима Виера Рога, го сменил Хулио од неговите должности.