Глумецот Ентони Хопкинс повторно ги забавуваше фановите со ново видео како танцува. Хопкинс кој има 84 години долго време споделува вакви слични видеа со неговите 3,4 милионите фанови на „Инстаграм“. На последното е облечен во хавајска кошула и носи шешир на главата.
„Ова може да биде една од сцените на Ханибал. Дали навистина си ти тоа со шеширот?. Ова ме тера да размислувам за филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“. Среќен сум, но истовреме и исплашен“, му напишаа некои од нив.
View this post on Instagram
Славниот глумец се обидува да биде во тек со актуелните трендови, па за време на пандемијата отвори и профил на Тикток. Тој е активен и во глумечката професија. Минатата година го освои вториот Оскар во кариерата за одличната улога во филмот „Татко“.
Тој стана најстариот добитник на оваа престижна филмска награда во историјата на доделувањето.