(Видео) Тереза Меј игра самба во Јужна Африка

By

Британската премиерка Тереза Меј деновиве е во посета на Африка, а се најде во центарот на вниманието со своите несекојдневни изведби и танчарски движења.

Меј беше поканета да им се приклучи во изведба на танцот на група млади луѓе во кампусот на Обединетите нации во Најроби. Знаејќи дека ако одбие да се приклучи во играњето, ќе ги навреди домаќините, Меј ги покажа своите танчарски способности.

„Тереза Меј танцува како слободата на движење да ѝ е хируршки отстранета. Пред десет години имавме нормални политичари. Денес премиерите патуваат во светот за трговски зделки. 3 отсто од нашите трговски зделки сега зависат од квалитетот на изведбата на самбата на Меј “, напишал британскиот комичар Џејмс Фелтон на „Твитер“.

Тереза Меј во слична ситуација се најде и два дена претходно кога танцуваше во рамките на посетата на едно училиште во Јужна Африка.

Британските медиуми ваквиот танц го нарекоа „мејботом“ и „кабинетско суфле“.

Ќе ви се допадне