(Видео) Тригодишно дете вози „ферари“

Зејн Софуоглу има три години и е хит на социјалните мрежи. Тој сам вози ферари. Иако има само три години, тој има повеќе искуство за возење и од возрасен човек кој го стекнува искуството во текот животот.

На Зејн не му е проблем да седне и да вози мотор, потребна му е само мала помош за стартот, а тоа не го спречува да вози ферари. Бидејќи не гледа преку воланот, на располагање има видео од камерата преку која го контролира автомобилот.

Во исто време, неговиот татко, мотоциклистот Кенан Софуоглу, има целосна доверба во него и му дозволува да вози Ferrari SF 90 Stradale, моќно со речиси илјада коњи. Тој тврди дека неговиот син е одличен возач, но и дека сите снимки се направени под контролирани услови.

Scroll to Top