(Видео) Турчин заработува дозволувајќи им на клиентите да го претепаат

Турчинот Хасан Риза Гунај смислил одлична анти-стрес терапија со која им помога на луѓето кои се соочуваат со напади на паника, патат од депресија, нервоза и досада. Тој вели дека им наплаќа на своите клиенти за да го истурат својот бес врз него. Буквално им служи како вреќа за удирање.

На себе има заштитна кацига, на која клиентите можат да стават слика од човекот кого сакаат да го удираат. Има и оклоп и вели дека не им возвраќа на ударите туку им дозволува да го истурат својот бес на него. 70 % од клиентите му се жени, чија сила е на ниво на дете од 12 или 13 години, додека бројот на терапии за мажите му е ограничен.

Scroll to Top