Украинските блогери од DreamCar успеале да направат експеримент со својот стар автомобил Opel Manta и место моторно масло, во него ставиле 4 литри од популарниот безалкохолен пијалак „кока-кола“. Сакале да видат дали и колку може автомобилот да издржи.
По пет минути и 44 секунди, колку што возеле со „опелот“, воздухот почнал да им мириса на „кока-кола“, а моторот почнал да се гаси. Откако го извадиле моторот, велат дека почнал да изгледа слично како организмот на оние што редовно го пијат овој пијалак.