(Видео) Вар технологија на балкански начин, судијата го прашуваше снимателот дали имало пенал

Судија на еден фудбалски натпревар во Србија за момент се најде во центарот на внимание откако не можеше да одлучи дали да досуди пенал за еден од тимовите. Тој прво покажа на белата точка, но потоа се предомисли и побара помош од еден од снимателите.

„Шефе дали имаше контакт? Можеш ли да ја вратиш снимката?“, го праша судијата, на што доби одговор: „Како солза брате, пенал имаше како солза“.

Судијата потоа ја потврди одлуката со образложение дека камерманот му сугерирал дека имало контакт. По ваквата одлука, голманот кој требаше да го брани пеналот го соблече дресот и го напушти теренот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ftbl.serbia (@ftbl.serbia)

Scroll to Top