(Видео) Зеленски танцува пред пријателите на Путин, украинскиот претседател ги забавувал за Нова година

Видео снимено пред неколку години на кое украинскиот претседател Владимир Зеленски танцува пред пријателите на Путин, стана хит. Зеленски се појавил во забавна новогодишна програма на руската државна телевизија, а неговиот настап го следел Владимир Соловјев еден од пропагандистите на Путин.

Многумина коментираат дека тогаш не му сметал што Зеленски бил Украинец. Сепак има и такви кои не се изненадени од рускиот водител и коментираат дека на сметка има милиони и дека со години отворено поддржува сè што Путин ќе направи или каже.

Scroll to Top