Шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ минатата недела го напушти „Манчестер јунајтед“ и сте пресели во „ЛА Галакси“. Таму ќе игра до 2019 година. Но, популарниот Ибра, освен со трансферот, предизвика големо внимание и со новата реклама.
Рекламата е за шведската компанија за обложување „Бетхард“, а освен што е снимена на шведски јазик, има и дел на босански. Ова предизвика бројни коментари кај фановите, повеќето позитивни, оти во рекланата освен што зборува босански, фудбалерот и пцуе на својот мајчин јазик.