Седумдесетгодишен Британец влегол во салон за масажа, но наместо со среќен крај, завршил мртов. Немилиот настан се случил во градот Патаја во Тајланд. Во салонот му била доделена масажерката Мис Ораја, која за момент помислила дека клиентот заспал.
Но, проблемите почнале кога тој почнал да се задушува.
„Се испаничив и ги викнав другите девојки да ми помогнат. Се обидовме да го вратиме во живот масирајќи му го срцето, но безуспешно“, рече Ораја.
Полицијата и итната помош, кои дошле на самото место, го прегледале салонот и утврдиле дека девојките не се виновни. Тие соопштија дека причина за смртта бил срцев удар. Градот Паја ја носи неславната титула за секс-престолнина на Тајланд.
Градските шефови се свесни за тоа и тие сакаат да го променат имиџот преку промоција на борачки вештини и со традиционалните тајландски танци. Но, на луѓето тие работи не им се забавни и интересни како салоните за масажа.
Тајланд во светот е познат како една од најпопуларните дестинации за секс-туризам. Токму поради тоа и 70-годишниот Британец одлучил да си набави авионски билет за Тајланд, пишува „Дејли мејл“.