За неносење маска, казна од една минута во ковчег

Луѓето во Индонезија кои ќе одбијат да носат маска, можат да заработат казна од една минута лежење во погребен ковечг, пренесуваат светските медиуми. На нив ќе им биде даден избор или да лежат во ковчег, или да ја платат казна во износ од 17 долари.

Во главниот град Џакарта, властите се обидуваат на секаков начин да го спречат ширењето на опасниот вирус и голем број од непослушниците ги приморуваат да почнат да носат маски.

Властите сакаат да ги натераат луѓето да почнат да размислуваат за опасните последици од своето однесување, откако во последните неколку денови, бројот на новозаразени надмина 1000.

„Размислете за сето тоа што ќе се случи ако се заразите со Ковид 19“, е пораката во видеозаписот на едно официјално лице, кое ги прекршило мерките, а потоа му било наредено да лежи во отворен мртовачки ковчег.

Градските власти поставиле и лажни мртвочки ковчези, а на нив и плочи на кои го пишува бројот на заразени, за да ги потсети луѓето на последиците од непочитувањето на нивните одлуки, за неносење на маска.

 

Scroll to Top