За покажан среден прст на полицаец возач ќе плати казна од 5.000 евра

Судот во германскиот град Пасау на еден возач му изрече казна од 5.000 евра затоа што му покажал среден прст на полицаецот кој со радар го фатил како ја надминува дозволената брзина. Полицијата веднаш му поднела пријава за навреда на државен орган.

Истражната постапка против него траела девет месеци, по што следело судењето. На почетокот поднел жалба, но потоа ја прифатил казната.

Напишал и писмо со извинување, а полицијата во соопштението рече дека казната би можела да биде и подраконска. За потсетување, во Германија за навреда на државен орган предвидена е и затворска казна до година дена.

 

Scroll to Top