Маж од Албанија излегол од автомобилот да запали цигара, по што останал сам на автопат, откако неговата сопруга го продолжила патот без него. Настанот се случил за време на сообраќајниот метеж на автопатот А7 во близина на Фусен во Јужна Германија, пренесуваат германските медиуми.
Таа влегла во автобилот и целосно заборавила на него. Кога колоната почнала да се движи, продолжила да вози без него.
По некое време, полицијата добила пријава за пешак кој сам се движел по автопатот, очајно барајќи ја својата сопруга. Тој бил собран од патрола, додека жената била повикана да се врати назад и да го земе својот сопруг. Најпосле таа се вратила и заедно го продолжиле патувањето.