Едноставни трикови да ги покриете брчките на лицето

Со стареењето се појавуваат и брчки кои не можат да се избегнат, но со здрава исхрана и дневна рутина за одржување на чистотата на лицето, можете значително да се намалат. Постојат неколку едноставни трикови со кои можете да ги покриете веќе формираните брчки.

Што е можно помалку пудра

Колку сте постари, толку помалку пудра треба да користите. Многу пудра за лице само ги нагласува брчките наместо да ги сокрие. Наместо тешки и течни пудри, нанесете светло тонирани креми.

Коњско опавче

Ако имате долга коса, се препорачува вашата фризура да биде високо опавче. Оваа фризура создава природен ефект на кревање бидејќи ја затегнува кожата на лицето нагоре.

Прајмерот е задолжителен

Нанесете го прајмерот на лицето пред основата. Свилената текстура на прајмерот ги маскира брчките и го подобрува тенот.

Scroll to Top