Навистина очекуваме многу од кремите за лице што ги користиме – односно да ја хидрираат нашата кожа, да ја осветлат, да ја матираат, да ја зајакнат, да ѝ дадат сјај… Но многумина сè уште се спротивставуваат на дневните и ноќните креми.
View this post on Instagram
Мислењата се поделени. Има такви кои тврдат дека користењето иста крема и дење и ноќе е совршено решение за штедење пари, но и оние кои предупредуваат дека станува збор за сосема различни состојки кои имаат различни придобивки за нашата кожа.
Дневна и ноќна крема
Вистина е дека добрата дневна крема содржи заштита од штетните УВ-зраци, а исто така ја штити кожата од штетни надворешни влијанија (издувни гасови, прашина, итн.). Покрај тоа, содржи антиоксиданси, складира липиди и може да се користи и како подлога за шминка.
Од друга страна, кремата што се нанесува навечер овозможува регенерација на кожата и ја „поправа“ штетата предизвикана при секојдневно изложување на штетните надворешни влијанија. Бидејќи ноќната крема, во повеќето случаи, е побогата со текстура од дневната крема, а во некои од нив, дури има и ефект против стареење, ја враќа еластичноста и ја намалува појавата на брчки, нејзината текстура е премногу тешка за преку ден. Кожата се обновува во текот на ноќта и има потреба од посилна, дополнителна нега, за разлика од дење.
Всушност, целото тело функционира поинаку во текот на денот и ноќта, па затоа не е изненадувачки што кожата, како наш најголем орган, има различни функции дење и ноќе.Дење вложува повеќе енергија во заштита од стрес и други штетни фактори, па затоа дневната крема ја зголемува еластичноста и отпорноста на кожата, а ноќнта крема ја храни и обновува.
Заклучокот е дека сепак ни се потребни двате креми, доколку сакаме убава, еластична и здрава кожа на лицето.