И во 75. година од животот, Џејн Биркин е синоним за убавина.
„Зошто никој порано не ми кажал да се спасам од шминката за очи“, се пошегува таа во едно интервју за светски познато списание, осврнувајќи се на својот изглед во младоста, додека беше на врвот на својата слава.
„Беше убаво затоа што тогаш изгледаа добро, како наутро, после добро проспиената ноќ“, додаде таа. Токму таа природна убавина, без многу напор и труд, денеска нè потсеќа на старите вредности, и стои како антипод на вештачката и агресивна убавина која ни се наметнува.
Таа е инспирација на целата нова генерација Французинки, поради што и понатаму важи за најнегувана и најубава жена на светот.
Без третмани, со минимален број на козметички производи и широка насмевка. Џејн Биркин ја дочека староста достоинствено, а на прашањето како и понатака делува толку задоволно и свежо, таа шеговито одговори: „Потребни ви се 10 години вистински одмор!“.
Со кратка или долга коса, во земјени тонови или со црвен кармин, нагласени или ненагласени очи – секој нејзин бјути изглед е ненадминлив.
Погледнете ја галеријата со нејзините најубави изданија.