Најмодерната боја за коса за оваа зимска сезона 2019/2020 е веќе позната!
Дамите кои редовно ги следат модните трендови сигурно би сакале да знаат за каква нијанса станува збор за да можат да организираат посета на фризер и да се спремат за промена на нијансата.
Кога надвор е поладно, а освен тоа, сувата клима не придонесува за подобрување на расположението, па вредно е да ја освежите бојата на коса. Меѓутоа, се поставува прашање која боја на коса да ја изберете за да бидете во тек со последните модни трендови. Во есен-зима сезоната ќе завладее нијансата – smoky gold blond.
Smoky gold blond или „задимена златна“ најмногу ја одржува природата на овој тренд. Клучно е тоа што оваа нијанса не изгледа премногу светло, па затоа ефектот на руса коса посебно не се препорачува на жените кои имаат природно темна коса. Дамите со многу светла коса би требало да се одлучат за поинакво фризерско решение.