Без разлика дали ја бојадисувате косата, стилизирате со фен, ја пеглате, виткате или едноставно сакате косата да биде здрава, маските се најлесниот начин да го постигнете тоа.
Сепак, се случило да не го забележите некогаш ефектот на маските? Или вашата коса била безживотна и мрсна по користењето на пакувањето? Како и со секој производ за убавина, употребата на маски бара одредени правила. Во продолжение ви откриваме како да користите маска за коса на вистински начин.
Правило број 1
Маските се користат еднаш неделно или секоја втора недела.
Правило број 2
Не се сите маски исти. Затоа, пред да го нанесете препаратот, прочитајте ги упатствата за употреба, како и состојките содржани во него. Изберете маски за вашиот тип коса (виткана, обоена, оштетена, сува итн.)
Правило број 3
Иако можеби звучи чудно, но маските се нанесуваат на свежо измиена, чиста коса.
Правило број 4
Препаратот се нанесува од врвовите, по целата должина на косата. Избегнувајте да го нанесувате на коренот, за да не се мрси косата.
Правило број 5
Маските најчесто ги нанесуваме со раце, но така нема да ги распоредиме рамномерно. Кога ја нанесувате маската, чешлајте ја косата со четка, особено ако имате густа коса. На тој начин препаратот ќе навлезе до секое влакно.