Направете сами природен дезодоранс од магнезиум

Природниот дезодоранс од магнезиум го спречува растот на бактериите кои предизвикуваат непријатни мириси. Тој е поефикасен од рекламираните дезодоранси, затоа што навистина обезбедува 48-часовна заштита. Исто така помага при надополнувањето на недостатокот на магнезиум од многуте суплементи.

Како да го припремите овој природен дезодоранс?

Со магнезиум-хлорид (кој можете да го набавите во аптека) се раставара во вода сооднос 1:2, односно една лажица хлорид на две лажици вода. Префрлете ја смесата во шише и спремно е.

Како се користи?

Како дезодоранс, со прскање или со бришење на чувствителните делови. Исто така можете да го додадете во купката за стапала затоа што делува антибактериски, ги отстранува отоците, го ублажува воспалението на мускулите и зглобовите.

Маслото од магнезиум делува антисептички, го неутрализира непријатниот мирис, но не предизвикува потење, односно не ја нарушува физиологијата. Исто така не ги затвора порите. Телото може природно да ја регулира температурата и на тој начин се ослободува од токсините. Алуминиумот и парабените, кои се наоѓаат во дезодорансите можат да бидат токсични. Маслото од магнезиум е потполно безбедно. Тоа ефективно ја ублажува иритацијата на кожата. Може да се нанесува и по депилацијата. Не мириса и добро се апсорбира, може да се користи без да се грижите дали ќе остави дамки на облеката. Тоа е предноста на овој препарат над класичните производи.

 

 

Scroll to Top