Навиките, како и начинот на живеење, влијаат како врз целиот организам така и врз состојбата на кожата. Залудно трошите пари на скапи кремови, серуми и гелови за чистење доколку не се грижите за вашата исхрана и имате нездрави навики.
Доколку имате проблем со тенот, можеби правите некоја од следниве грешки:
- Брзата храна многу бргу го зголемува нивото на шеќерот во крвта и предизвикува зголемување на нивото на инсулин во крвта, а тоа индиректно води кон појава на митесери и акни.
- Пушењето цигари не само што ја намалува циркулацијата во кожата туку го зголемува ризикот од директно влијание на токсините врз кожата и крвта.
- Тушот со топла вода можеби изгледа релаксирачки, но може значително да го оштети површинскиот слој на кожата.
- Алкохолот ја дехидрира кожата и ги отстранува нејзините природни масла.
- Употребата на валкани четки за шминка предизвикува акни и бактериски инфекции.
- Дефицитот на сон води кон стрес, а тоа резултира со акни, па дури и псоријаза.
- Со цедењето мозолчиња нивната содржина може да се притисне уште подлабоко поради што бактериите завршуваат уште подлабоко во порите, кои предизвикуваат инфекција. Ова ги влошува акните, па дури може да доведе и до лузни.
- Честите телефонски разговори, односно лепењето на мобилниот телефон врз кожата, може да резултира со појава на акни, без разлика дали уредот е чист или не.
- Спиењето со шминка е честа грешка, но треба да имате на ум дека шминката ги затвора порите и предизвикува негативни состојби на кожата.