За да бидете здрави, не е доволно само да одржувате хигиена, туку тоа да го правите на правилен начин. Можеби ќе се изненадите откако ќе сфатите дека некои работи цел живот ги правите погрешно.
Се туширате премногу често
Можеби звучи чудно, но според некои истражувања, туширањето може да ја оштети кожата што ќе доведе до полесно пробивање на бактериите во ткивото на кожата. Затоа, доволно е да се туширате само еднаш во текот на денот.
Грешка е кога не ги миете рацете и пред да одите во тоалет
Бактериите се присутни во целиот дом, не само во тоалетот. Тоа значи дека доколку не сте ги измиле рацете подолго време, имате бактерии на нив. Затоа, пред да ги допрете интимните делови од телото, треба да ги измиете рацете. Секако, се подразбира дека треба да ги измиете рацете и откако ќе одите во тоалет.
Спиете на иста перница подолг временски период
Перниците се рај за бактериите.
Ова е уште една честа причина за појави на проблеми со лицето. Се препорачува секоја недела да ја перете вашата перница на температура којашто не е пониска од 55 степени.
Го миете лицето со сапун
Некои луѓе мислат дека ако двапати дневно го мијат лицето со сапун, ќе им биде чисто. Всушност, сапунот ги отвора порите на лицете и кожата се суши. Дерматолозите нагласуваат дека сапунот не е наменет за нега на лицето. Доколку користите сапун ја уништувате заштитната бариера и Ph вредноста на кожата.