Не велиме дека жените се виновни што момците изневеруваат, но се чини дека се посклони кон изневерување кога ние се однесуваме на одредени начини…
Приговарање: Секој од нас како комплетна личност нè градат одредените мани и доблести кои ги поднесуваме. Скоро и да не постои човек без мана, па сигурно ги има и вашиот партнер. Но, немојте постојано да му приговарате поради секоја ситница и од мравка да правите слон! Неговите мани се тешко ќе се променат, па затоа научете се да ги прифатите, за ваше добро. Ако сте среќни поради неговите доблести и тоа отворено му го покажете, и тој ќе биде среќен покрај вас.
Љубомора: Мала доза љубомора е добредојдена. Но, доколку константно го испрашувате за секој негов чекор, повик, порака или излегување – би можело да му прекипи. Многу лесно би можел да добие идеја да ве изневери – на некој начин би бил во добивка, бидејќи секако не му верувате, па всушност нема што да изгуби!
Незаинтересираност: Ако во негово друштво често покажувате незаинтересираност за нешто за кое зборува, тој и тоа како ќе го примети. Не морате цело време да го гледате во него без да трепнете и да се трудите да го запомните секој негов збор, но дајте му до знаење дека ви е интересно во негово друштво. Никој не сака да се чувствува како да разговара со ѕидот.
Запоставеност: Многу жени во врската се опуштаат затоа што размислуваат на начин дека сега кога имаат дечко/сопруг не мораат баш секогаш да бидат средени кога ќе одат на некое посебно излегување. Немојте да мислите дека сметаме дека во секој момент од животот треба да изгледате ултра гламурозно, но битно е да не заборавите во каква личност вашиот партнер се заљубил. Водете грижа за своето тело и хигиената и нека секој ден биде нова прилика уште еднаш да го заведете.
Себичност: Во сите меѓучовечки односи, па така и во оние љубовните, битни се разбирањето, исполнувањето на туѓите желби и компромисите. Доколку сте безобѕирна, себична и егоцентрична личност која инсистира секогаш сè да е по ваше, тогаш немојте да се изненадите ако и тој почне да мисли само на себе.