Како во модата, така и во областите на шминката, секоја година се менуваат одредени трендови. Меѓутоа, неколку од нив опстојуваат и не дозволуваат годините да ја намалат нивната популарност. Таките трендови ги прославија познатите личности уште минатиот век, а некои датираат уште од древните цивилизации, само во малку поизменет облик.
Црвен кармин
Со сигурност можеме да кажеме дека црвениот кармин никогаш нема да излезе од мода! Тој секогаш ќе биде израз на женственоста и сексапилот кај онаа го носи на усните. Како што и самите знаете, постојат голем број нијанси на црвениот кармин, што значи дека постојат одредени правила при одбирањето на тие нијанси.
Имено, доколку забите не ви се баш бели, тогаш никако немоте да нанесувате на усните црвен кармин со корални нијанси затоа што вашите заби ќе изгледаат пожолти отколку што се. Но, доколку вашиот тен е бел, тогаш одберете корална нијанса затоа што пресилните нијанси ќе бидат преголем контраст во однос на вашето лице.
Ајлајнерот е секогаш во мода
Секоја жена која сака да постигне драматичен поглед и да привлече внимание, ќе го избере токму овој мејк-ап тренд. „Мачкестиот изглед на очи“ одлично ќе ѝ стои на секоја девојка затоа никогаш нема да погрешите доколку се одлучите овој тренд. Меѓутоа, морате да бидете особено внимателни затоа што ајлајнерот доколку не го нанесете внимателно, може да го уништи целосниот изглед.
Доколку не сте толку вешти во шминкањето, ви препорачуваме ајлајнери во вид на фломастери, затоа што се најпрецизни и најлесни за ракување, додека доколку сте вешти и познавате одредени мејк-ап трикови, можете да ги користите и туш ајланерите, како и оние кремавите.
„Зачадени очи“
Верувале или не, трендот во шминкањето „зачадени очи“, не е створен пред неколку години, туку бил многу популарен и порано, уште кога вашите баби биле млади. Зачадените очи не подразбираат само темни бои, туку можете да користите и посветли нијанси. Најубави и најприродни ќе изгледате доколу искомбинирате земјени тонови.
Зачаденото око подразбра комбинација на три слични бои, со тоа што едната мора да биде многу светла, додека другата мора да биде изразито темна. Најсветлите нијанси нанесете ги на целиот капак, додека најтемните нанесете го само една линија точно над окото, односно на почеток на капакот.
Белиот креон во внатрешниот дел на окото
Овој креон може да биде вистински спас за девојките затоа што со негова помош, можете визуелно да ги зголемите очите. Потребно е само да го нанесете на внатрешниот дел на окото, поточно на хоризонталната тесна линија. Не вие е потребно никакво преголемо знаење, ни вештини како убаво би го нанеле. Со него нема грешка. Овој тренд е популарен поради познатата манекенка Твиги.
Големи трепки
Вештачките трепки не се изум на дваесетиот век, туку постоеле и порано. Жените некогаш лудуваа по нив, а ни денес ништо не се промени. Единствена промена настана кај изборот, но и начините на нанесување на вештачките трепки на очите.