Заборавете на класиката и неупадливите тонови, пуштете ја фантазијата да го направи своето и забавувајте се со изборот на идеален колор за себе. Доколку ноктите ги лакирате дома, за подобро спојување на боите, користете безбојни бази пред нанесувањето на лакот, а за да ја продолжите неговата постојаност и да ја зголемите отпорноста на ноктот, фокусирајте се на завршниот слој.
Тој воедно ќе придонесе и за поубав изглед и здравје на вашите нокти. Најпопуларните бои ова лето се пастелните и јарките нијанси, а варијантите на жолто, особено лимон и банана, се нешто кое мора да го имате во текот на летната сезона. Свежата минт боја може да се вклопи со модерен и ретро стил, па не чуди што одново е актуелна секоја година. Истиот случај е со виолетовата во нијанса на лаванда.
Не треба да заборавиме ни на ултрамарин или морнарската сина, која Пантон ја прогласи за најбоја за 2020 година. За секоја дама е полн погодок и розовата боја, без разлика дали е нежна или циклама. Со исончаниот тен, совршено ќе се вклопи интензивната зелена на вашите нокти, додека портокаловата ќе ве освежи како порција сочно тропско овошје.
Нијансата на „црвениот тепих“ е сè уште во тренд, и тоа е добра вест за сите жени кои сакаат да вдишат гламур. Доколку сте неодлучни, искористете ги сите бои. Секој нокт ќе изгледа поинаку, а вашата оригиналност и смелост ќе дојде до израз.