Божиновска: Иднината на обновливата енергија е во складирањето, паметните мрежи и дигиталното управување

Обновливите извори на енергија се иднината на енергетскиот сектор, но нивниот целосен потенцијал може да се искористи само со модерна инфраструктура, системи за складирање и паметно управување, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

„Обновливата енергија мора ефикасно да ја произведуваме, складираме, пренесуваме и користиме. Затоа, соларните и ветерните капацитети мора да ги поврземе со системи за складирање, паметни мрежи и дигитално управување“, истакна Божиновска.

Според министерката, енергетската трансформација не подразбира само изградба на нови капацитети за производство на зелена енергија, туку и создавање интегриран систем кој ќе овозможи стабилно снабдување и поефикасно користење на енергијата.

 

„Иднината е во паметното поврзување на технологиите“, нагласи Божиновска, посочувајќи дека дигитализацијата и иновативните решенија ќе имаат клучна улога во развојот на современиот енергетски систем.

Scroll to Top