МЕПСО ги модернизира командните згради на осум трафостаници, во ТС Скопје 4 ќе постави и фотоволтаична централа

АД МЕПСО најави целосна реконструкција и енергетска модернизација на командните згради на осум трафостаници. Меѓу нив е и ТС Скопје 4 во Пинтија, чија командна зграда ќе се обновува првпат по 50 години од изградбата.

Според објавата на компанијата, реконструкцијата на објектот во ТС Скопје 4 опфаќа поставување нова термоизолација и фасада, замена на прозорците и вратите, санација на кровот и вградување современи системи за греење, ладење и вентилација.

На трафостаницата ќе биде поставена и фотоволтаична централа за сопствени потреби. Од МЕПСО очекуваат со тоа да се зголеми енергетската ефикасност и да се намалат потрошувачката на електрична енергија за сопствени потреби и оперативните трошоци.

,,Инвестираме во мрежата. Инвестираме во сигурноста“, порачаа од АД МЕПСО.

 

Scroll to Top