Нови градежни активности во Битола: Се уредува улицата „Браќа Џаферови“ со нов коловоз и паркинг простор

Од Општина Битола информираат дека од утре, 3 јуни 2026 година, ќе започнат подготвителните активности за изградба на коловоз и паркинг на улицата „Браќа Џаферови“.

Градежните работи ќе ги реализира фирмата изведувач ангажирана за проектот, а од локалната самоуправа апелираат до жителите и сите граѓани кои ја користат оваа улица навремено да ги отстранат своите возила.

Целта е да се овозможи непречено одвивање на градежните активности и навремена реализација на проектот за подобрување на сообраќајната инфраструктура во овој дел од градот.

Од Општина Битола бараат разбирање и соработка од граѓаните за време на изведбата на работите.

Scroll to Top