Поранешниот директор на МЕПСО од редовите на ДУИ со остар став за договорот за интерконекција со Албанија – “Јас би го раскинал”

Поранешниот генерален директор на АД МЕПСО, Куштрим Рамадани, кој доаѓа од редовите на ДУИ, пред една година во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, околу проектот Интерконекција Северна Македонија – Албанија и договорот со компанијата Енергоинвест од Босна и Херцеговина, беше категоричен изјавувајќи:

„Немаа активности на терен. Во договорните услови нема простор за зголемување на цената; договорот е lump sum, со фиксни и непроменливи цени, затоа ниту сум им дал простор на компанијата Енергоинвест за разговори за зголемување на цените – договорот не дозволува такво нешто.“

„Компанијата од Босна и Херцеговина имаше само мала канцеларија, со еден вработен и контакт телефон на кој никој не се јавуваше.“„Со длабоко убедување велам дека јас би го раскинал тој договор!“

Scroll to Top