ГФК Победа – Прилеп денеска го игра својот прв официјален натпревар, со што започнува ново поглавје во фудбалската историја на градот, објави градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.
Тој оцени дека првиот настап на клубот претставува нов почеток и нова надеж за враќање на спортскиот дух кој отсекогаш бил важен дел од Прилеп.

Проданоски изрази поддршка за иницијативата, како и за сите луѓе кои со ентузијазам, посветеност и љубов кон фудбалот учествувале во започнувањето на оваа спортска приказна.
„Денеска започнува новата ера на прилепскиот фудбал. Прв натпревар, нов почеток, нова надеж и враќање на спортскиот дух кој отсекогаш бил дел од срцето на Прилеп“, порача Проданоски.

Според него, ГФК Победа треба да стане место каде што ќе се создаваат нови генерации прилепски фудбалери и повторно ќе се разбуди страста кон фудбалот во градот.
На клубот, фудбалерите и стручниот тим им посака многу успеси, спортски дух и победнички моменти.

„Среќно, ГФК Победа! За Прилеп. За спортот. За иднината!“, порача Проданоски.






