Дејан Проданоски, градоначалник на општина Прилеп, преку своите социјални мрежи упати искрени честитки до сограѓаните по повод Велигден. Тој посака празничните денови да се поминат во мир, љубов и сплотеност со најблиските.
„Велигден е празник на надежта, верата и новиот почеток. Потсетува на вистинските вредности – хуманоста, почитта, добрината и солидарноста. Да шириме љубов, да правиме добри дела и да бидеме поддршка едни на други“, истакна Проданоски.
Градоначалникот нагласи дека треба да се негува традицијата, да се чува верата и заедно да се гради посилна и обединета општина, со почит кон културното наследство и верба во подобра иднина за сите генерации.
„Нека светлината на Христовото Воскресение донесе мир, радост и благослов во секој дом. За многу години!“, порача Проданоски.

….



