Стентон градба со завршен проект во УКЦ “Мајка Тереза”: Реконструираните хируршки сали пуштени во употреба

Компанијата „Стентон градба“ од Битола успешно го заврши проектот за реконструкција и реновирање на операционите сали на хируршките клиники во ЈЗУ УКЦ „Мајка Тереза“ – Скопје, реализиран по принципот „клуч на рака“. Проектот ги опфати сите фази – од проектирање и ревизија, до финална изведба и ставање во функција.

Зафатот беше спроведен на четири нивоа – подрум, приземје, прв и втор кат, при што беа реконструирани операциони сали, технички простории, предпрростории, ходници, гардероби, санитарии и машинска сала. Со овој обемен инфраструктурен проект, значително се унапредени техничките услови и функционалноста на хируршкиот блок.

Најголемиот дел од интервенцијата беше реализиран на првиот кат, каде беа реновирани операционите сали број 1, 2, 3, 7, 8, 9, 10, 11 и 12, заедно со нивните технички простории. Дополнително, беа обновени и клучни помошни и инфраструктурни сегменти кои се неопходни за непречено функционирање на целиот систем.

Реконструираните хируршки сали се веќе завршени и ставени во функција, со што се обезбедени подобри услови за работа на медицинскиот персонал и повисоки стандарди за безбедност и квалитет во грижата за пациентите.

Со овој проект, „Стентон градба“ уште еднаш го потврдува својот капацитет за реализација на сложени и значајни објекти, особено во делот на инфраструктурни и објекти од јавно значење.

Scroll to Top