ВЛЕН упати остри критики кон поранешниот министер за правда , обвинувајќи го дека за време на неговиот мандат не презел конкретни чекори за решавање на прашањето со полагањето на правосудниот испит на албански јазик.
Во партиското соопштение, од ВЛЕН наведуваат дека низ годините повеќе кадри на раководеле со Министерството за правда, но според нив не успеале да обезбедат системско решение за ова прашање. Покрај Билен Салији, во соопштението се споменуваат и поранешните министри , и .
Од ВЛЕН тврдат дека Салији не е запаметен по реформи во правосудството или по конкретни резултати во интерес на граѓаните и студентите. Воедно, потсетуваат на неговото заминување од министерската функција по случајот со малиот Алмир, оценувајќи дека тогашната оставка била претставувана како морален чин.
Во реакцијата се наведува дека по напуштањето на Министерството за правда, Салији продолжил да извршува јавни функции, а ВЛЕН го обвинува за недостиг на резултати во периодот кога бил на чело на ресорот.
„Билен Салији треба да одговори зошто, додека беше министер за правда, правосудниот испит не се полагаше на албански јазик и зошто ова прашање не беше придвижено ниту за еден чекор“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВЛЕН оценуваат дека на албанските студенти и идни правници им се потребни конкретни решенија наместо политички декларации и најавуваат дека токму ова прашање ќе биде меѓу нивните приоритети во наредниот период.
Партијата порачува дека ќе продолжи да бара одговорност од поранешните функционери и дека очекува институционално решавање на прашањата кои, според нив, со години останале нерешени и покрај тоа што Министерството за правда било раководено од кадри на ДУИ.






