Козметичарката на Џеј Ло ги открива најголемите грешки што ги прави секоја жена

Никол Џос е жената задолжена за беспрекорниот изглед на кожата на Џенифер Лопез. Таа вели дека секоја жена би требало да почека барем четири часа пред да нанесе какви било производи на лицето и додава дека младите девојки го уништуваат својот тен поради шминкањето во слоеви.

„Џеј Ло е многу строга во однос на чистењето на лицето. Таа постојано става маски на лицето бидејќи патува и работи многу и користи производи што ја хидрираат кожата“, вели Никол.

Козметичарката што се грижи и за Алиша Кис и Меган Маркл ги открива најголемите грешки што ги прави секоја жена.

Никол Џос

Неправилно чистење на лицето

Кога ќе го исчистите лицето со лосион или млеко за чистење, важно е да го измиете со вода за да ги отстраните трагите од лосион или млеко што остануваат на кожата и ги затвораат порите.

Не прескокнувајте го лосионот

Лосионот или тоникот за лице воспоставуваат рамнотежа и ги отстрануваат сите остатоци од средствата за отстранување на шминката.

Не шминкајте се премногу

Младите девојки денес ставаат премногу шминка – течна пудра, коректори, камена пудра, производи за сенчење, илуминатори… Важно е на крајот на денот да го исчистите лицето од сите овие производи што ѝ тежат на кожата, а барем еднаш неделно да направите и благ пилинг.

Не прескокнувајте ги важните чекори

Штом дојдете дома, најважно е да ги отстраните правта и нечистотиите од лицето за кожата да може да дише и убаво да ги впие другите средства за нега што ќе ги ставите пред спиење. Дури и да имате крема на лицето, пред легнување втријте малку масло, кое ќе ја зароби кремота или серумот длабоко во кожата и ќе го поттикне производот да даде подобри резултати.

Scroll to Top