Од 1 до 4 ноември на две локации ќе се одржи осумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје. Македонски и дизајнери од регионот ќе ги претстават најновите колекции на тема „Модата како дел од екосистемот. Одржлива приказна“.
Четиридневното модно случување ќе го отвори дизајнерката Лидија Георгиева во „F.A.M.E.’S“, а по повод 20
години од создавањето на брендот ќе ја претстави роденденската колекција „Милион милји време“.
Следните три дена ревиите ќе се одржуваат во „Скопје Мериот хотел“. На 2 ноември вечерта ќе започне со модната инсталација и перформанс од финалниот дел на проектот #sustainabestorymk со колекциите на учесниците и гостинките од Велика Британија, дизајнерката Ана Скодбо и една од водечките британски стилистки Ребека Рој. По ова следува ревија на дизајнерката Ирина Тошева со колекцијата есен-зима 2018/2019. Првпат на Моден викенд Скопје ревија ќе има дизајнерката Теодора Митровска со колекцијата We Are Not Machines. Својата колекција ќе ја презентира и Кренаре Ругова. Втората вечер ќе заврши со колекцијата Full of Grace на дизајнерката Силвија Миха, која оваа година одбележува два јубилеи, 20 години од првата самостојна ревија на ФЛУ и 10 години од постоењето на нејзиното модно ателје „Алшар“.
На 3 ноември модна ревија ќе имаат студентите од академијата „Џолев и уметности“. Следна е ревијата на накит на SIGMA и на нивната најнова колекција Future Now. Следни се моделите на Matrons dresses кои првпат се претставуваат во Македонија. Вечерта ќе заврши со ревијата на Олгица Ѓоргиева и нејзината нова колекција
Bridges.
Есенското издание на Моден викенд Скопје ќе го затвори модната ревија на Еrror kolektiv и нивните три бренда Atami, Em Ellephantski и [0.10] error of harmony. Следна е ревијата на Сара Реџиќ, а вечерта ќе заврши со ревијата на Александра Јовановска со ревијата „Архетип“, како ретроспектива на десетгодишното творештво како моден дизајнер.