Плетен фустан: модно парче што ќе ја одбележи оваа сезона

Стилски идеи како најдобро да носите плетен фустан – носете го цела зима, но внимателно стилизирајте го.

Со ремен

Најдобар начин да му дадете облик на вашето тело е да ставите фин ремен околу вашата половина и веднаш ќе имате поубава силуета. Необичните детали на ременот го прават изгледот апсолутно привлечен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by natalie bertolone (@nataliebertolone)

Со палто

Сакате нешто поелегантно? Врз плетениот фустан едноставно облечете деловно палто, што значи дека изгледот е апсолутно соодветен за канцеларија. Најважно е да облечете „оверсајз“ сако затоа што на тој начин целокупниот изглед ќе изгледа поусогласено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katryna (@callherclassy)

Со кардиган

Сите оние што сакаат да облечат уште поудобна варијанта може, едноставно, да облечат долг кардиган преку плетениот фустан. На тој начин ќе добиете популарен и практичен слоевит изглед, а плетените комплети од два дела оваа зима се исто така доста популарни. Оваа комбинација е совршена и за преодното време меѓу годишните времиња!

Со детали

Оние што сакаат да бидат што е можно поминималистички може да се одлучат за модели што веќе имаат софистицирани детали на кројот. Можете и без додатоци, како ремен или кардиган, на пример, можете да бидете доста впечатливи со асиметрични облици и необични кроеви.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renia Jaz (@venswifestyle)

Scroll to Top