Принцезата од Монако качена на коњ ја отвори модната ревија на „Шанел“

Шарлот Казираги, принцезата од Монако и внука на американската актерка Грејс Кели, предизвика вистински спектакл откога се појави качена на црн коњ на отворањето на годинешната ревија на француската модна куќа „Шанел“.

Новата амбасадорка на дизајнерската куќа се појави пред присутната публика како вистинска кралска херојка на ревијата во парискиот „Гранд палас“. Таа носеше сако од твид со светки и црни панталони со потписот на „Шанел“. Стајлиног ѝ беше надоплнет со јавачка капа, соодветни чизми, ракавици и дискретна шминка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝑪𝒉𝒊 (@chimagazineit)

Шарлот стана заштитно лице на брендот во 2020 година, а уметникот Хавиер Вејлан ја претвори главната улица во Париз, Шанзелизе, во вистински хиподром. Тој изрази желба Шарлот да биде централна фигура на годинешната хот-котур ревија за колекцијата пролет/лето на „Шанел“.

Scroll to Top