Стаклената чанта на Кајли Џенер, која може да послужи и како оружје, стана хит во Холивуд

Инфлуенсерката Кајли Џенер, за премиерата на новата сезона на реалното шоу „Кардашијанс“, носеше проѕирна чанта од дувано стакло, украсена со безобразни ѓаволски рогови, која не содржше ништо друго освен сјај за усни „Кајли козметикс“.

Чантата е создадена од брендот за стаклени производи Хевен во соработка со познатиот моден бренд Коперни. Првпат ја носеше Џиџи Хадид на модната писта минатиот месец. Но последниве неколку недели стана вистински хит во Холивуд, па покрај Кајли, ја носеа и Доја Кат и Тинаше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by India Today (@indiatoday)

Проѕирната чанта, која може да служи и како вазна, е дизајнирана да биде функционална и модерна.

„Можете да ги ставите вашиот телефон во неа, вашиот паричник“, изјави Хевен Питер Дупонт за I-D неодамна, а ко-основачот Брена Бок додаде дека може да се користи дури и како средство за самоодбрана: „За жена која оди сама дома во Њујорк, ова може да биде оружје.“

Scroll to Top