Зендаја се труди да остави впечаток на секое јавно појавување, а поради нејзините неодамнешни излегувања и последното издание во Лос Анџелес, не е ни чудо што младата актерка веќе важи за холивудска модна икона.
Со оглед на тоа дека Зендаја е една од најбараните актерки во Холивуд во моментов, и дека се појавува во некои од најпопуларните филмови кои се појавија неодамна – тоа значи постојано појавување на премиерите и црвените килими.
Благодарение на трудот што го вложува во секое јавно појавување и стилистот Ло Роуч, таа стана своевидна модна икона, а тоа го докажува и нејзиното последно издание од Лос Анџелес.
Имено, оваа 27-годишна актерка моментално е на прес-турнеја за филмот „Challengers“, а синоќа на премиерата уште еднаш го украде целото внимание со својата модна комбинација.
За таа прилика, Зендаја носеше неверојатна розова-црна креација на Вера Ванг, која имаше корсет од тантела со проѕирни детали и здолниште од тул и сатен.
Изгледот го комплетираше со минимални аксесоари – носејќи само едноставни обетки.