Женски капи во пастелни тонови за првите поладни денови

Голем број жени избегнуваат да носат капи, пред сè, поради тоа што капата, по нивно мислење, придонесува до тоа да не изгледаат доволно атрактивно. Решението на овој проблем е всушност доста едноставен: потребно е само да го најдете соодветниот модел и боја на капа. Модели има многу, а меѓу нив е можеби најинтересниот класичен облик со топче на врвот, кој женската појава ја прави неодолива.

Размислете во овој правец – ако веќе морате да носите капа, зошто да не го направите тоа да изгледа поинтересно? Од друга страна, кога станува збор за боите, оваа есен особено популарни се пастелните нијанси. Затоа нашата денешна тема се пастелните капи, кои многу лесно се комбинираат со поширока палета на горни и долни модни предмети, како и со есенската облека.

Пастелни капи со јакна и џемпери

Ако сакате есенски прошетки и сакате притоа да ви биде доволно топло, наш предлог е да побарате розов џемпер, кој можете да го носите со пастелна беж капа и сиви чизми. Под џемперите секако можете да облечете лесна цветна кошула, која ќе направи да ви биде уште попријатно во текот на прошетката. Доколку сакате контрастни моменти, можете да побарате капа во жолта пастелна нијанса, која ќе биде идеална за разбивање на црните тонови на јакната од вештачко крзно, црните пантолони и чизмите.

Пастелни капи со капути

Доколку сте спремни за впечатлив изглед, вашиот избор може да биде пастелната сина палета на бои, почнувајќи од капата, преку џемперите, па сè до капутите. Монотонијата на сината боја можете да ја разбиете со нежни сиви тонови на чизмите и женската торба. Исто така, неодоливо ќе изгледате ако посегнете по пастелната капа и сличната нијанса на капут. Секако, можете да комбинирате и боја каква што е бледозелената и кремот кога капата и капутот се во прашање за постигнување на извонредниот вкус.

 

Scroll to Top