Владата на седницата донела одлука да се гради спомен-обележје на Тоше Проески на неговото вечно почивалиште во Крушево.
За оваа намена се одвоени 10 милиони денари од Министерството за култура. „Средствата ќе ѝ бидат префрлени на Општина Крушево која е задолжена да го изгради објектот“, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.