(Галерија) Со ерменски коњак и македонска блуза Симон Трпчевски славеше роденден

Маестро Симон Трпчески го прослави јубилејниот 40. роденден. Роденденската забава била во неговиот дом, а тој сподели дел од аминетот  Подароци, тортата, ерменскиот коњак се само дел од роденденската прослава. Сепак, тој вели дека блузата дизајнирана од неговата ќерка Лара, била неговиот анјдраг подарок.

„Ви благодарам за сите прекрасни пораки и желби за мојот роденден. Фантастични подароци, блуза дизајнирана од мојата ќерка и мојата омилена торта, подготвена од мојата сестра. Плус, Ерменски коњак!  Љубов, храна и пијалоци може само да ја направат музиката поубава“,  напиша Трпчевски на својот профил на Фејсбук.