Познатиот актер Сашко Коцев прослави 7 години брак со својата сопруга Смиљана. Тој на својот фејсбук-профил објави фотографија од свадбата, а под неа напиша само 7. За потсетување, пред неколку години актерот јавно, на „Златна бубамара“ ја побара за сопруга Смиљана. И денес многумина ја паметат сцената во која облечен како Аладин, Сашко ја почна познатата балада „A Whole New World“, заедно со Каролина Гочева . Потоа тој се упати кон публиката, ја донесе својата девојка Смиљана Бундевска на сцената и клекнат на колено ѝ предложи брак. Двојката во 2017 година станаа родители на нивната ќерка Јоана. Деновиве имаа убав повод за славење.