Откако лани во ноември му се оствари детскиот сон, Панчо од ДНК, како голем фан на македонската фудбалска репрезентација го овековечи нивниот историски успех со тетоважа на ногата, а сега и тој сподели фотографија со тетоважа на фан, на неговата група „ДНК“.
На фотографијата што ја објави Панчо е девојка, која е фан на ДНК и во нивна чест на својата рака го има истетовирано, името на Р&Б дуото. На нејзината тетоважа се најде логото на нивниот вториот албум насловен „Срце“, кој беше издаден 2013 година.
Панчо е голем љубител на тетоважи и на прашање на „Фејсбук“ поставено од негов обожавател колку тетоважи има, Панчо вели: „Па, не знам како да објаснам и да одговарам на ова прашање, знам само дека има многу“.
(Фото) Панчо си ги истетовира фудбалерите: Детскиот сон мора да се овековечи