Првиот човек на „Златна бубамара“, Ранко Петровиќ, по третпат стана татко. Неговата сопруга Маја се породи во вторникот. Третото бебе на Ранко е девојче, а тие со Маја веќе ги имаат ќерката Ангела и синот Марко. За радосната вест дека сега е татко на три деца и за прославата со екипата на „Бубамара“ беа споделни фотографии на социјалните мрежи.
„Пред државниот празник си ги наполнив душата и срцето, прославивме за раѓањето на мојата трета кумица (после Ангела и Марко). Нека e жива и здрава, голема да расте, да живее во едно поубаво време и иднина, оти иднината ни е во децата. Честитки до мојот кум Ранко и кумата Маја од мене, моето семејство и од нашата екипа на вашата и наша Златна Бубамара“, напиша кумот на Ранко.