Бодибилдер гол до појас кај Пендаровски: Отиде раката, претседателе!

Светскиот шампион во бодибилдинг Михал Крижанек од Словачка, гол до појас се туркаше на рака со претседателот Стево Пендаровски. Тој беше кај него  во посета во претседателскиот кабинет, а фотографиите ги објави претседателот и рече дека туркањето било нерешено со светскиот шампион во бодибилдинг.

„Имав можност да го сретнам за време на неговиот престој во Скопје, како почесен гостин на Бодибилдинг и Фитнес федерацијата на Македонија, во рамки на меѓународниот натпревар во бодибилдинг“, рече Пендаровски за Михаил Крижанек.

Откако ги објави фотографиите, имаше куп коментари од фановите од типот: „Овој повеќе личи на бојлер отколу на човек“, „Стево, перни му ја една наопачки“.

Scroll to Top